Убавина

Подигнете ја енергијата до максимум

Со неколку едноставни трикови наутро може да си обезбедите брзо расонување и поголема енергија која ќе ви биде потребна во текот на напорниот работен ден.

Најпрво измијте го лицето со ладна вода. Ладниот бран ќе и годи на вашата кожа, затоа што на ниски температури крвните садови се собираат. Резултатот ќе биде мазна и затегната кожа. За поубав тен, а и поголемо освежување прснете си малку течен кислород, кој може да го купите во било која аптека.

Мирисајте ментол. Овој мирис ќе ве освежи и ќе ви помогне да се опуштите. Ќе влијае на вашето расположение, затоа имајте го при себе кога сте уморни може да ви помогне.

Освежете го погледот. Дури и ако не верувате во домашните третмани пробајте го ова. Ставете две тркалца краставица на очите. Ќе почувствувате пријатно освежување.

Кожата сака витамин Ц. Кога цедите портокал, оставете една чаша и за вашата кожа. Потопете го памукот и ставете го на лицето. Оваа маска ќе ве освежи и вас и вашето уморно лице.

Write A Comment