Ви ги претставуваме неуспешните обиди на пејачите и пејачките на големото платно. Гардијан, направи една листа на која се најдоа оние помалку талентираните. Што во превод би значело, подобро останете си во музиката, не мора да бидете и актери.
Според Гардијан, на првото место како антиталент на големото платно е Џесика Симпсон. Како пример ги наведува нејзините катастрофални филмови “ Dukes of Hazzard” и “ Плава амбиција”.

Тука негде е и Принс. Гардијан му препорачува да остане композитор, музичар и пејач, подобро отколку да се појави на филм како што го направи тоа во “ Пурпурен дожд”.
Мадона повремено добиваше и добри критики за актерството, но според Градијан таа се најде на оваа листа токму заради филмот “Евита”, иако за таа улога таа освои Златен Глобус.

50 Cent е исто така на црната листа. Гардијан смета дека само ако имате голема желба да се казните, тогаш приуштете си го тоа со филмовите “ Get rich or die tryin”, “ Се се распаѓа” и други.
Бритни Спирс, Пит Доерти и Ријана исто така се дел од оние неуспешни актери.
