Celebrity

Погледнете го првиот трејлер за новиот Џејмс Бонд

Изненадувачки поинакво од претходните објавени, новото промотивно видео открива повеќе детали за најновиот филм за Џејмс Бонд, насловен како “Skyfall”, кој оваа есен ќе ја доживее својата премиера во киносалите.

Во најновата филмска епизода за Џејмс Бонд, улогата на неизоставниот негативец овој пат ќе ја има Хавиер Бардем, играјќи го ликот на Раул Силвагонист, кој ќе му зададе многу проблеми на Даниел Крег.

Бардем, добитник на престижната филмска награда Оскар, сигурно ќе ја оправда својата репутација за најдобар холивудски негативец и ќе остане запомнет во вечната Џејмс Бонд филмска франшиза.

Неодамна Хавиер проговори за најновата улога и возбудата поради ликот кој ќе го игра, изјавувајќи: “Ликот на Раул е поприлично комплексен и не е лесен за глумење. Тој не е само негативец, тој е повеќе од тоа и ќе му задава бројни маки на Џејмс Бонд. Сепак тоа е главната работа на негативецот, тоа овој пат е моја должност”.

Дваесет и третото продолжение на Џејмс Бонд и популарната франшиза премиерата ќе ја доживее во Велика Британија и Ирска на 26 октомври, а во Америка на 9 ноември. Додека да дочекаме овој филм да почне да се прикажува и во нашите киносали, во најновиот трејлер погледнете што можеме да очекуваме од истиот!

 

Write A Comment