Крајот на врската и разводот, можат да бидат крајно незгодни и брутални. Кога ќе останете без партнерот морате да се помирите со статусот – самци. Дознајте како и ќе уживате во него. Најпрво, немојте да се обвинувате, ниту себе си, ниту него, ниту судбината и кармата. Доколку не се помирите со фактот дека сте сами, само непотребно ќе си ја трошите вашата енергија. Никако немојте да ги мразите мажите и расчистете каков е вашиот став во однос на мажите во вашиот живот. Дали ви е тонот повишен кога му се обраќате на вашиот шеф? Дали ги избегнувате пријателите? Дали го омаловажувате машкиот род? Немојте да станете една од оние жени кои ги мразат мажите, само затоа што немаат маж во својот живот…

Излезете од дома, сами или со пријатели – не дозволувајте да ве надвладеат негативните мисли.Одете на кафе, ручек или пак сами поминете на попладневна прошетка. Кога излегувањата без партнерот ќе ви станат пријатни – вие веќе сте сте се помириле со статусот single. Исчистете си го животот со тоа што ќе го оставите минатото зад себе. Ослободете се од спомените кои ви предизвикуваат носталгија, ослободете се од заедничките фотографии, неговите лични предмети, подароци и други ситници кои ве потсетуваат на минатото. Можеби звучи грубо, но кога ќе се ослободите од предметите, полесно ќе се ослободите и од емоциите кои ве спречуваат да одите напред.
