Celebrity

Попај Морнарот и 3Д спанаќ

Најпознатиот морнар кој јаде само спанаќ наредната година би требало да стигне во кино салите во 3Д формат.

Модерната верзија на Попај Морнарот ќе го режира Генди Тартаковски кој моментално го завршува анимираниот филм “Хотел Трансилванија” во студиото на Сони.

Снимањето за анимираното 3Д изадание на Попај е веќе во подготовка. Сценариото ќе го пишува Дејвид Рон и Џеј Шерик, кои го направија сценариото за “Штрумфови” а снимањето ќе започне на есен оваа година. Сеуште не е познато кој ќе им ги позајми гласовите на Попај и Олива.

Напиши коментар