After Midnight

Поради што би се откажале од сексот ???

Иако времињата се тешки и кризите имаат сé поголем замав, луѓето сепак не сакаат да се откажат од сексот, во замена за материјална корист…

Дали би се откажале од секс за време од шест месеци, во замена за платени сметки, за еден месец ?… Тоа е прашањето поставено на испитаниците во неодамна спроведеното американско истражување, а одговорите кои се добиени…и не се баш најизненадувачки…

Во истражувањето учествувале околу 1000 испитаници, од кои 21% од жените, изјавиле дека би се согласиле на таква жртва, односно, би се согласиле да се откажат од сексот, во времетраење од шест месеци, со тоа што би им биле платени сметките за еден месец. Кај мажите, ситуацијата е нешто поразлична, односно само 16% би се одлучиле на таков потег. Таквите резултати не се некое огромно изненадување, но покажуваат дека кај луѓето сексот сеуште претставува омилена активност. Иако, како што покажува истражувањето, дури 35% од луѓето се борат со плаќањето на месечните сметки, сепак, мал број од нив би се откажал од сексот, во замена за пари.

Истражувањето било спроведено од истражувачкиот независен центар „ Toluna “, за потребите на компанијата „BillFloat“. Иако на испитаниците им биле понудени и други опции, како, престанок на гледање телевизија, во замена за платени сметки, сепак најмногу реакции на испитаниците предизвикала сексуалната апстиненција.

И покрај кризите и тешките времиња, очигледно е дека луѓето сеуште не се спремни да се откажат од секс !!!

Напиши коментар