Celebrity

После смртта на Витни Хјустон најмногу заработува Доли Партон

По смртта на пејачката Витни Хјустон најмногу заработува Доли Партон, авторката на најпознатата песна на Витни Хјустон “I Will Always Love You”. Оваа кантри ѕвезда ја има напишано една од најдобрите песни на сите времиња уште во далечната 1973 година.

По смртта на Витни, нагло порасна интересесот за нејзината музика, а оваа песна е една од најбараните. Издавачката куќа, Сони Рекордс, која ги поседува издавачките права планира голема кампања со цел песните на пејачката да се вратат на врвот на топ листите. Истото го стори и со песните на кралот на поп музиката Мајкал Џексон, по што постхумно продадоа 35 милиони негови албуми.

Напиши коментар