Celebrity

Последната необјавена песна од Витни Хјустон

Сите фанови на починатата дива Витни Хјустон сигурно ќе се израдуваат на нејзината досега необјавена песна “Never Gave Up”, која е првиот сингл на постхумниот албум “I Will Always Love You: The Best Of Whitney Houston”.

Поточно, на 19 ноември во продажба ќе биде пуштен албум со најголеми хитови на легендарната Витни Хјустон. На новото издание на трагично настраданата пејачка ќе бидат претставени нејзините најголеми хитови и некои претходно необјавени песни. Една од нив е “Never Give Up” која ја продуцирал Џермаин Дупри. Се шпекулира дека песната настанала во 2009 година, додека пејачката работела на својот последен студиски албум “I Look To You”.

Преслушајте ја песната!

Напиши коментар