After Midnight

Позицијата на спиење покажува кaква е вашата врска!

Како легнувате да спиете? Дали се галите со саканиот или едноставно сте среќни, што конечно сте во кревет… се свртувате на страна и заспивате:

Вашата позиција на спиење, било да сте сами или во пар, зборува многу за вас.

Погледнете , кои се најчестите позиции на спиење и што тие значат…

  1. Лажичка 1: Тој се припива зад вашиот грб и ве гушка. Оваа поза е класична лажичка. Таа покажува голема љубов помеѓу парот. Меѓутоа првата заљубеност  со страстен и возбудлив секс, веќе поминала . Но, тоа не значи дека сексот повеќе не чини. Само станал помалку интензивен.
  1. Лажичка 2 :  Таа се припива за неговиот грб и го опфаќа. Тој и покажува грб, а таа тоа не сака да го прифати и се наметнува. Можеби нивните намери едноставно се различни,  таа сака, врска а тој секс. Оваа двојка, едноставно не е осудена на трајност.
  1. Лажичка 3 :  Тој или таа само со една рака го опфаќа партнерот. Овој пар води урамнотежена  доверлива врска. Тие се многу блиски, но ја почитуваат и слободата на партнерот, без некој од нив да постапува егоистично.
  1. Лажичка 4: Двајцата лежат слично на лажичка, но не се допираат. Веројатно овој пар е веќе подолго време во врска. Двајцата споделуваат голема блискост, но поминала големата страст.
  1. Чвор: Парот се допира на сите места на телото: ( лице, раце, стомак, нозе). Тука станува збор за свежо вљубен пар или пак за пар кој има чуство, како да се  на почеток на врската. Тие се сакаат покрај себе 24 часа во денот. Сексот им е исто така близок. Но, внимание, ваквата врска, може многу брзо да премине во зависност.
  1. Ангел чувар: Едниот лежи во прегратка на другиот (и нозете можат да се допираат). Парот е вљубен  и сака да спие еден кон друг. Вашиот однос е многу близок, но не и премногу. Тие меѓусебно се почитуваат имаат огромна доверба, еден на друг и потреба за малку заштита од страна на партнерот.
  1. Приколка или раширени: Еден од вас само што не паднал од креветот, додека другиот го завзема скоро целиот. Кога се стремите кон тоа, да скоро паѓате од креветот, тоа значи дека сте се раскусуриле со вашата врска. Доколку вие го завземате целиот кревет, тоа укажува дека сакате да одите по својот сопствен пат.
  1. Позиција Вага: Двајцата лежите свртени со грб, еден кон друг, а се допирате со задниците. Парот кој ја одбира оваа поза сака интимност, но и независност. Секој може да оди по својот пат и кога станува збор и за сексуалноист и за сензуалност, тие двајца сепак, се среќаваат на своите патишта под еднакви околности. Тоа се веќе парови кои се заедно, повеќе време.
  1. Грб: Двајцата се свртени еден со друг со грб, но не се допираат. Овде станува збор за врска во криза. Просторната раздалеченост се забележува во врската. Нивната сопствена удобност им е поважна и на двајцата, отколку близината на партнерот. Сексот на овој пар е многу рутински и помалку страствен. Но, понекогаш паровите ја избираат оваа поза, затоа што работата им е преполна со стрес.

 

 

 

Напиши коментар