After Midnight

Прашања и одговори за љубовта

Љубовта е центарот околу кој се движат нашите животот, но некои работи поврзани за љубовта засекогаш можат да останат нерешлива енигма. Ние ви нудиме неколку прашања кои со сигурност се и ваша енигма…

Дали љубовта може да трае до крајот на животот?

Секако, меѓутоа само доколку верувате во љубовните приказни со среќен крај. Тим на научници неодамна откри дека романтичната љубов подразбира хемиски промени во мозокот кои траат помеѓу една и една и пол година, по тој период Вие и Вашиот партнер сте препуштени сами на себе.

Врските бараат одржување и вложување на голем труд за нивно одржување. Постојат многу луѓе кои остаруваат заедно и се сакаат до крајот на животот – меѓутоа тоа не е случува само по себе. Разбирање, компромиси, меѓусебното почитување на партнерот – применете ги овие правила во Вашата врска и не се сомневајте во нејзиниот успех.

Зашто партнерите почнуваат да личат еден на друг?

Пробајте да набљудувате било кој заљубен пар, како разговараат, како се однесуваат и веднаш ќе забележите дека тие си наликуваат еден на друг. Нивните гестикулации, нивните лица имаат природна потреба да се копираат.

Природната copy-paste ситуација, се објаснува со фактот дека парот е задоволен што е пар и само така со прифаќање на одредени гестикулации како свои подобро се разбираат. Таквите парови знаат кога треба да си остават простор а кога имаат огромна потреба еден за друг.

Дали љубовната врска може да преброди прељуба?

Може… Но потребно е долго време и многу труд. Сексолозите се едногласни во ставот дека прељубата како вид на љубовна криза може да се преброди.

Pegi Vogan во својата книга „ The Monogamy mith“ тврди дека “ 60 проценти од мажите и 40 проценти од жените во некој момент од врската имаат потреба од прељуба. Овој нејзин став не треба да ве поттикне на прељуба, туку Ви овозможува надеж дека можете да се справите со моментот кога Вашиот партнер ќе Ве изневери.

„Доколку Вие сте оние кои сте изневерени пробајте да простите но бидете свесни дека сеќавањето дека се изневерени нема да Ве напушти долго време. Но времето лечи се… Вашите сеќавања избледуваат а Вие може да добите и уште посигурна и поздрава љубовна врска.“ – цитат од книгата „ The Monogamy mith“ на Pegi Vogan

Напиши коментар