After Midnight

Прашања кои се забранети на првиот состанок!!!

Прашања за поранешните партнери: Обидете се да се исконтролирате и никако не прашувајте за поранешниот дечко/девојка. Нека првиот состанок биде време кога ќе се посветите еден на друг и вечер која ќе ја паметите како ваша.

Кај тебе или кај мене? Избрзувањето е најбрз начин како да ја уништите „врската“ која допрва ја создавате. Затоа, обидете се да избегнете секс барем на првиот состанок, наместо тоа обидете се подобро да се запознаете.

Колку заработуваш? Многу лошо прашање од неколку аспекти. Прво, затоа што навлегувате во неговата/нејзината интима, второ затоа што изгледа дека сте материјалисти и дека се што ве интересира е финансиската корист.

Каде мислиш дека води оваа врска? Вие допрва се запознавате, како може тој/таа да знае дали воопшто таа врска има иднина. Олабавете се и уживајте во сегашниот миг, а за иднината времето ќе покаже.

Дали е тоа перика? Не само ова прашање, туку и било кое друго прашање кое може да го навреди партнерот е строго забрането на првиот состанок. Дозволени се само комплименти и ласкање, затоа што никој не сака луѓе кои навредуваат.

 

Напиши коментар