Free zone

Правила во врската кои секогаш ќе важат

Времето ни носи нови правила, ново темпо, нов начин на живот. И ние го прифаќаме тоа ако сакаме да опстанеме. Но, кога станува збор за љубовта има правила кои важеле некогаш и ќе важат и понатаму.

2 во 1, а не 3 во 1

Од почетокот па до крајот на врската пожелно е и двата партнери да се многу свесни дека се само тие двајца во приказната, и само под тие услови врската може да опстои. Штом во приказната се вклучи и трета личност чисто се сомневам дека таа е посакувана во врската. Третата личност е постојано во тајност, а тогаш се што било убаво некогаш повеќе нема да ви се допаѓа. Значи трета личност никако.

Без опуштање

Девојките често знаат, а исто и момчињата кога се во долга, сериозна врска да престанат да внимаваат на својот изглед и на тоа како другите ги гледаат. Она познатото “ме сака онаква/онаков каков што сум” може гадно да ве зафркне.

Без споредби!

Немој тоа да си го правиш ни на себе ни на партнерот. Нема потреба да споредувате со нешто од минатото, нешто што не успеало.

“Те сакам” е опасен збор

Постојат такви кои тешко го изговараат и кај нив тоа е најверојатно дека го мислат. Но, постојат и онакви кои го кажуваат тоа понесени од моменталните убави чувства па по неколку часа тоа повеќе да не важи. Е тогаш е опасно. Не треба да се играте со туѓите чувства, размислете пред да кажете нешто.

Посвети се!

Ако веќе си во врска и си во длабока приказна со некој, тогаш е пожелно да и се посветиш на таа личност. Да ја почитуваш, да ја размазиш, и да научиш да ја осетиш. Ако во се влегуваш со 10% од мозокот и срцето, веројатно и нема да ти успее врската.

Без изневерувања!

Ако почувствуваш дека личноста што е покрај тебе не те исполнува, најлоша работа што можеш да направиш е да почнеш да ја изневеруваш. Запрашај се во таа ситуација колку се изневеруваш и себеси. Ако врската не оди, едноставно ставете крај, неверството не е решение.

Напиши коментар