Celebrity

Прекинете со тие Rihanna глупости!

Басистот на групата „Kiss“ на почетокот на пресконференцијата изјавил дека групата тргнува на турнеја за да пее во живо и дека нема да настапуваат во стилот на Rihanna.

–          Преку глава ни е од пејачки кои настапуваат со танчери, прават шоу и пеат караоке. Ајде да им кажеме „стоп“ на караоке пејачките. Заборавете на „Rihanna-Schimianna“ и сите други чии имиња завршуваат на „а“, – луто изјавил Gene Simmons.

И другите членови на бендот го поддржале басистот и додале дека пејачката ова не треба да го сфати сериозно и лично, бидејќи неа ја зеле само како пример „од морето такви пејачки“.

–          Немаме ништо против Rihanna, таа е одлична пејачка, ние сме огорчени на сите оние поп пејачи кои само шепотат и никогаш не пеат во живо.

Во овој кош ја сместиле и Madonna чиј настап на овогодинешното полуфинале од „Super Bowl“ купот, според нив бил разочарувачки.

Напиши коментар