After Midnight

Препознајте ја вистинската љубов…

После дождот доаѓа сонце…

Така и после лошите врски, разочарувања, неверства и неколку авантури за една ноќ, доаѓа и вистинската љубов…Жените можат да ја препознаат само по четири седмици…

Новите истражувања тврдат дека просечна жена во својот живот се има бакнато со 22 мажи, има четири долги врски и притоа нејзиното срце се крши 5 пати, додека го најде вистинскиот…

Daily Express пренесува дека една жена на патот до вистинскиот поминува и низ шест лоши состаноци, има шест авантури за една ноќ и е изневерена дури четири пати…

Просечниот маж, сепак, поминува многу повеќе… Тој има бакнато 23 жени и има десет авантури за една вечер пред да успее да се смири покрај една жена… Студиите во кои учествувале  2000 луѓе, покажуваат дека машкото срце на патот до вистинската љубов е скршено шест пати…Просечна жена за прв пат има љубовно искуство со маж на 15 години, а излегува со 9 мажи пред вистинскиот. Всушност, една жена, за четири седмици успева да процени дека го нашла совршениот…

Сите знаеме колку е тешко да се пронајде вистинската љубов…Кога ќе размислиме за наведениве податоци… Делува застрашувачки… Но, се исплаќа долгорочно…

Напиши коментар