Celebrity

Преслушајте ја новата песна на Madonna!

Madonna објави уште еден сингл од својот најнов албум, а насловот на траката е доста провокативен „I Fucked Up“. Во песната пејачката жали за погрешните чекори кои ги направила во животот.

Излгеда дека новиот албум на кралицата на поп музиката ќе биде покајание за сите нејзини грешки во животот. Вчера беше објавен и овој сингл, а албумот со наслов „MDNA“ се очекува да биде пуштен во продажба на 26-ти Март.

Оваа песна се надоврзува на претходната со име „I Don’t Give A“ за која се смета дека е посветена на пропаднатиот брак со режисерот Guy Ritchie.

Песната што сега ќе ја чуете е малку досадна, со еднолична мелодија и неатрактивен текст. Сепак, послушајте и одлучете сами каква оцена ќе ѝ дадете на песната:

Напиши коментар