After Midnight

Причини зошто сексот е добар за здравјето и телото

Освен што редовниот секс не прави да се чувствуваме помлади и посреќни, тој исто така го зајакнува имунитетот, ја подобрува виталноста на органите и спречува депресија. Еве зошто редовниот секс е добар за нашето здравје и тело:

Докажано е дека сексот ја лечи главоболката бидејќи ги опушта нервите, па затоа не ви важи оправдувањето дека не може да имате секс затоа што ве боли глава.

Во текот на сексот навистина се слабее. Научниците проценуваат дека во текот на љубовната игра се губат најмалку 30 калории по минута.

Сексот ги зацврстува мускулите на карлицата кои се многу важни за правилна положба на телото, грбот и стомакот.

Сексот ги чува срцето и крвните садови. Луѓето кои се задоволни со својот сексуален живот помалку боледуваат од карцином, автоимунолошки болести и инфекции, болки во грбот, хемороиди, покачен крвен притисок, астма, екцема, гојазност, несоница…

Сексот ги олеснува менструалните болки. Истражувањата покажале дека жените кои редовно уживаат во сексуалните односи немаат менструални болки Исто така жените кои имаат секс барем еднаш неделно имаат правилни и редовни циклуси на менструации. Истражувањето покажало дека жените со редовен секс имаат поголема количина на нов естроген од оние кои имаат нередовен секс или воопшто го немаат.

Напиши коментар