Најтешка е за разбирање разликата помеѓу тоа, дали некој ве сака како пријaтел или можеби нешто повеќе. Многумина се прашуваат дали љубовта и пријателството имаат смисла? Меч со две острици. Или ќе запловите во прекрасна романса, или по болното раскинување, ќе го изгубите и како пријател.
Пред да се впуштите во таква авантура, размислете колку ризици може да поднесете. Согледајте ги работите, што е најлошото што сигурно може да се случи? Дури и ако ви се чини дека ќе биде претешко, колку повеќе ја развлекувате работата, потешко ќе ви биде. Седнете и размислете дали има смисла задлабочувањето во таквата врска. Доколку мислите дека ќе ви донесе губитоци, спротивставете се на емотивните чувства. Доколку забележите дека ќе можете да функционирате како пар, пробајте. Слушајте си го срцето, нема да погрешите. Направете го првиот чекор. Некој од најдобрите врски, започнале со пријателство.
