After Midnight

Принцот на бел коњ за некого е Принц, за некого Крастава жаба !!!

Повеќето психолози и сексолози се согласуваат дека е се поголем бројот на несреќни парови токму поради идејата за совршената љубов. Принцот на бел коњ кој упорно не доаѓа… а кога ќе се најдете во некоја среќна врска таа воопшто не наликува на филмски спектакл… И пак не чини !!!

Колку и да верувате во љубовта од бајките, мала доза на реалност не е на одмет, но тоа не значи дека треба да одрекувате од своите идеали за среќна љубов. Идеалот за среќна љубов не значи дека треба да се откажувате од секој партнер кој на прв поглед изгледа како да не се вклопува во Вашата претстава за идеалот. Малите компромиси се најбитните работи во реалниот живот.

Некои идеи за среќна љубов сме ги усвоиле во најраните години од животот, во детството… но проблемот се јавува кога истите безрезервно се почитуваат. Меѓутоа многу од тие идеали се погрешни и лажни. Љубовта не победува секогаш, луѓето не се менуваат само затоа што сакаат некого, на крај, краева во животот се сака и љуби повеќе од еднаш.

Доколку се појави господинот „Совршен“ во бајките „Принцот на белиот коњ“, Вашето срце нема да заигра доколку тој се наоѓа во круг од 100 метри… затоа не си дозволувајте себеси да пропуштите се она што е малку поинакво од она што сте го замислувале.

Поговорките за животот не се бадијала. Тие се останати со векови токму поради фактот што се вистински, реални и генерациски потврдени…А една од нив вели вака …

„Принцот на бел коњ за некого е принц за некого крастава жаба“

Напиши коментар