After Midnight

Природни афродизијаци кои палат!

Кога нешто давате , можете да очекувате дека нешто и за возврат ќе добиете. Токму тоа давање и земање, ја обликува вашата врска. А една од најважните нешта  во врската на мажот и жената – е сексот. Сексот е многу важен за вашата врска, а доколку имате проблеми на тоа поле, сигурно ќе ги имате и на други полиња. За да ви биде подобар сексот во некои моменти на криза, погледнете кои намирници се најделотворни афродизијаци кои можат да ви го спасат сексуалниот живот, но и  врската!

Авокадо

Витаминот Б6, кој го има во авокадото, ги зголемува машките хормони. Авокадото содржи калиум кој помага во регулирањето на штитната жлезда кај жената.

Аспарагус

Аспарагусот содржи витамин Е, кој ги стимулира половите органи. А со тоа придонесува за здравиот сексуален живот и за појачувањето на сексуалната моќ.

Банани

Бананите содржат калиум, Б витамини кои се неопходни за производство на полови хормони.

Лута пиперка

Состојката која е присутна во лутите пиперки (цапсаицин), ги стимулира нервните завршетоци и го подига нашиот пулс, ослободува ендорфин кој буди возбуда во нашето тело.

Босилек

Некои луѓе веруваат дека босилекот го стимулира сексуалниот нагон и ја зголемува плодноста. А создава и пријатност во нашето тело и ум.

Чоколадо

Чоколадото содржи стимуланс, наречен фенилтиламин кој дава чувство на благосостојба и возбуда.

Остриги

Остригите се богат извор на цинк кој е неоходен минерал за создавањето на тестостеронот. За овој машки хормон се вели дека го појачува женското либидо.

Вино

Виното  ја опушта инхибцираноста и ги поттикнува нашите сетила. Умереното конзумирање на вино може да ви  овозможи вистинско еротско доживување.

 

 

Напиши коментар