Celebrity

Пристигна видеото за песната на Rihanna и „Coldplay“!

Пред месец дена имавме прилика да го погледнеме промотивното видео за песната „Princess of China“, во кое се појавува Rihanna и кое ќе се емитува во позадината за концертите на „Coldplay“.

Некои делови од тој музички спот се користени и во најновото видео за песната во кое Chris Martin, фронтменот на бендот е во потрага по принцезата на Кина, односно Rihanna. Во еден момент во видео записот, тие двајца се борат како самураи.

Иако спотот требаше официјално да биде објавен утре наутро, менаџмент тимот на бендот одлучил да ги израдува фановите малку порано од очекуваното.

Погледнете го музичкото видео:

Write A Comment