Celebrity

Пристигнува „Prometheus“… трејлер!

Филмот „Prometheus“ прати една екипа научници кои го откриваат потеклото на човечката раса на Земјата и мораат да отпатуваат до најодалечените делови на вселената со цел да се изборат за нашиот опстанок. Секако на тој пат ќе се сретнат со секакви чудовишта кои ќе се обидат да им го отежнат патот до целта што е можно повеќе.

Остварувањето е снимено во 3D технологија и во него во главните улоги ќе можете да ги видите: Naomi Rapace, Michael Fassbender, Guy Pearce, Charlize Theron и други. Режијата е дело на Ridley Scott.

Во кината ќе може да се погледне на 8-ми Јуни, а што ве очекува тогаш погледнете во трејлерот кој тука ви го претставуваме:

http://www.youtube.com/watch?v=EfMgFbci0iQ&feature=player_embedded

Напиши коментар