Celebrity

Продолжение на „Глупавиот и поглупавиот“

Култниот филм најверојатно ќе добие свое продолжение. Режисерите Питер и Боби Фарели се многу блиску до завршувањето на сценариото за официјалното продолжение на филмот „Глупавиот и поглупавиот“, наречено „Dumb and Dumber To“.

Првиот пат кога излезе веста беше најавувано дека овој период ќе започне и снимањето, но поради одредени пречки тоа беше пролонгирано. Но, како што е најавено, повторно се продолжува со овој проект.

Најверојатно и во продолжението ќе се појават ѕвездите од првиот дел, Џим Кери и Џеф Даниелс.

Напиши коментар