Мојата кујна

Пролетна салата од морков и мед

Пролетта нуди многу, вкусете ја пролетта Вашите сетила и стомак ќе Ви бидат благодарни !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама млад морков

4 млади кромидчиња

Лажичка ладно цедено маслиново масло

2 лажички вински оцет

Прстофат шеќер

Чешне ситно исечкан лук

Лажичка рендан џумбир

Лажичка мед

Сол и бибер по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Младиот морков исечкајте го или изрендајте го. Во поголем сад измешајте ги морковот и ситно сечканиот млад кромид. Во помал сад измешајте ги маслиновото масло, винскиот оцет, исечканиот или истолчен лук, шеќерот и џумбирот. Почекајте 15 минути и во смесата додадете го медот и добро измешајте. Со подготвениот сос прелијте ги морковите и младиот кромид, посолете, ставете бибер и добро измешајте.

Салатата поклопете ја и ставете ја во фрижидер околку 20 минути пред да ја сервирате.

Вкусот е неверојатен…

Уживајте!!!

Write A Comment