Зениците се шират кога сме со луѓе кои не привлекуваат сексуално и ја откриваат недвосмислено сексуалната ориентација, покажа најновата студија спроведена во САД.
За да ја проверат вистинитоста на ова експертите спровеле експеримент во кој учествувале околу 400 доброволци од двата пола на кои им било дадено да гледаат еротски содржини и при тоа било измерено проширувањето на зениците со помош на инфрацрвени леќи.
Како што можело да се очекува, хетеросексуалните мажи реагирале на жени, додека хомосексуалните мажи реагирале на мажи. Хетеросексуалните жени пројавиле реакции и кон двата пола, потврдувајќи според авторите дека станува збор за различна сексуалност од онаа на мажите.
Хомосексуалните жени се доближувале повеќе до мажите со поизразени реакции при гледањето еротски содржини, каде учестувале разголени жени. Бисексуалните мажи пак биле привлечени и од двата пола.
Истражувањето покажува дека сексуалната желба е природен процес и не може да се контролира ни да се скрие. Ширењето на зениците е јасен знак дека станува збор за наплив на сексуален нагон, па така хомосексуалните мажи и жени не можеле да го скријат тоа.
Дури откако бил направен тестот и резултатите биле готови, кај луѓето што се докажале хомосексуални амбиции, биле прашани дали навистина се со таква сексуална ориентација и одговорот бил потврден во 100% од случаите.
Гледајте добро во очите на луѓето кои ве опкружуваат. Можеби ќе забележите проширени зеници во нечиј поглед:)
