Ако сакате да имате добо психичко здравје тогаш не се оптоварувајте со туѓите грешки, простете и продолжете напред.
Простувањето е потреба на секој човек кој сака да има мирен и спокоен живот. Не се плашете од простувањето, ако псростите тоа не значи дека сте го амнестирале оној кој ве повредил многу, кој згрешил. Вие ќе го имате во предвид неговото погрешно однесување и за во иднина, а простувањето ќе ви даде мир. Со простувањето само вие ќе се смирите, нема да се измачувате со бес, агресија, болка која е предизвикана од туѓото погрешно однесување.
Простувањето само може да ви помогне вие да си продолжите со животот понатаму. Ослободете се од чувствата кои ве мачат. Тоа се лоши чувства кои доколку ги гаиме може да прераснат во омраза, а тоа е психичка состојба која може да ве натера да направите дела за кои подоцна може да се каете.
Освен тоа насобраните лоши чувства се лоши за нашето здравје. Од големите нервози, напнатост може да дојде до сериозни здравствени пореметувања. Научете да се сакате себе си, простете и продолжете напред.
