Како се одвива вашиот живот под чаршафите? Го гужвате сатенот или само го мазните со пегло на пареа?
Ако пак сеуште сте во потрага по Мистер Единствен на Срцето и Најдобар Љубовник, денес ќе ви откријам една тајна. Со неа љубовниот живот ќе стане полесен.
А имено како да го препознаете добриот љубовник. И за да е уште поинтересно ќе ви кажам дека воопшто не е потребно да се стигне до чаршавите. Така де – зошто да губите време, кога можете без да мрднете со малиот прст да откриете каков тип на маж имате пред себе. За целта ви се потребни само лист и пенкало.
Натерајте го да напише збор во кој ја има буквата Р.
Според графолозите каков ќе биде мажот можете да откриете имено од начинот по кој ја пише буквата Р.
Г-Н „ЖИВОТНО“

Најинформативното во буквата Р е имено должината на цртичката. Ако цртичката е подолга, тоа е маж кој е фокусиран на чистиот секс без многу нежности. Оние што ја пишуваат буквата со пократка цртичка се нерешителни и емотивни.
Бидејќи едни луѓе пишуваат ситно, други крупно, за да се открие дали цртичката на Р буквата е кратка или долга, се споредува со неутралните букви како а, о, с.
Должината на ченгелчето на г-н агресивен е над средното. Овој господин сака да доминира во кревет и го сака грубиот секс. Ги лови жените со директен напад. Целенасочен е и не губи многу време во комплименти. Долгата љубовна игра не му е омилена. Сексот со него е како филм со наслов: Дојдов, видов, освоив. Последното може дури да биде многу буквално – жената е неговиот трофеј.
Г-Н ЕКСПЕРИМЕНТАТОР

Овој господин исто така ја пишува буквата Р со долга цртичка. Интересно кај него е дека ги пишува на различен начин буквите р во зборот трактор. Едната е со долго ченгелче, другата со пократко. Колку подолга е дршката, толку поагресивен потенцијал има мажот. Тоа зборува за интерес кон експериментирање, нови нешта и непостојаност на чувствата. Тој може да е тивка вода, но нели знаете – тивките води се најдлабоки. Затоа очекувајте го неочекуваното. Мажите од овој тип обожаваат француска љубов.
Г-Н РОМАНТИЧЕН

Романтичарот ја пишува буквата р со ченгелче со должина еднаква на должината на неутралните букви. Тоа зборува за стабилност и мек карактер. Ако жената сама не направи чекор нема да се стигне лесно и брзо до секс. Ако сте и вие романтичарка – тоа е човекот за вас. кога стигнете до интимност ќе имате слатки и долги бакнежи, долга предигра, многу галење и нежни фрази. Сексот со него е совршен.
Г-Н НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ

Овој господин ја пишува буквата р со многу кратка дршка и со форма што наликува на острило. Многу од мажите од овој тип сакаат после секс да им се зборува нежно. Да стигне до екстаза не е најважното за него. Поважно е неговата партнерка да го оцени неговиот труд и грижа кон неа. Мажите кои ја пишуваат буквата р со заоблена опашка се крајно емотивни. Колку поширок е долниот дел на буквата, толку поемоционален е човекот. Жената до него може да очекува помош кога и да побара. Па затоа, ако не го прифатите како љубовник, тој ќе ви биде искрен пријател и ќе е тука за вас секогаш.
