Celebrity

Прв трејлер за филмот „Темни сенки“ со Johnny Depp!

Објавен е првиот трејлер на најновиот филм на Tim Burton со Johnny Depp во главната улога. Се работи за хорор приказна со наслов „Dark Shadows“, која е осма по ред соработка помеѓу актерот и режисерот.

Дејството е заплеткано околу еден вампир по име Barnabas Collins и неговите средби со други чудовишта – вештерки и врколаци.

Филмот е адаптација на серија од 60-тите години на минатиот век и го претставува Collins кого го игра Depp како богат и моќен плејбој кој ѝ го крши срцето на Angelique Bouchard (Eva Green).

Таа го претвора во вампир и жив го закопува. По два векови, тој се ослободува од својот гроб и излегува во сосема поинаков свет, во 1972 година.

Филмот премиерно ќе се прикаже 11-ти Мај, а во него играат и Michelle Pfeiffer, Jonny Lee Miller и Helena Bonham Carter.

Еве го трејлерот:

Напиши коментар