Celebrity

Прва слика на Amanda Seyfried како Козета

Кратко откако ја видовме Anne Hathaway како Фантина, на интернет се појави уште една фотка од снимањето на филмот „Клетници“ според романот на францускиот великан на пишаниот збор, Viktor Hugo.

Овој пат се работи за сликата на актерката Amanda Seyfried (26), која во филмското остварување ќе ја игра Козета. Сликата е направена рано утрото во петокот, во Лондон. Во филмот, Козета е ќерка на Фантина, но е оставена како сираче и постојано е малтертитрана од семејството Тенардие со кое е приморана да живее бидејќи нејзината мајка немала доволно пари да ја издржува.

На крај, Козета е спасена од Жан Валжан, кој ќе го глуми Hugh Jackman. Филмот треба да излезе во кината на 14-ти Декември.

Write A Comment