Боливудската актерка Шерлин Чопра во ноемвриското издание ќе се појави на насловната страна на Плејбој. Со ова таа ја крена целата индиска јавност на нога.
Зад себе, Шерлин има оставено огромен број на улоги, па до сега била ценета актерка.
Но, откако таа го напишала барањето до уредништвото на Плејбој, каде побарала да се слика гола за магазинот нејзините сограѓани ја осудиле.

Таа е срам за нашата земја. Шерлин не е воопшто секси, таа е одбивна, пишуваат критичарите за неа.
Таа пак е горда што ќе биде првата гола индијка на Плејбој. Иако магазинот е забранет во нејизната држава таа знае дека сликите ќе бидат видени на интернет.

По ова планирам да снимам и секс филмови, знам дека младите во Индија сакаат промена, и на нив им е здодеано да живеат по конзервативните правила.
