Дали сте создадени еден за друг? Нема како да знаеш уште првата секунда, но има неколку рани сигнали, кои ќе ви покажат колкав е потенцијалот за успешна врска помеѓу двајцата вас.
Кога сте заедно преливате од радосни емоции и секој од вас го разбира прекрасното чувство за хумор на другиот. На една подоцнежна етапа од врската, способноста да се развеселувате и засмевате взаимно ќе ги надмине и најлошите конфликти.
Кај сите парови одвреме навреме избиваат гневни искри. Но ако после кавга релативно брзо го надминете проблемот, значи дека секој од вас искрено сака да ја слушне гледната точка на другиот и да се продолжи напред. А ова е мерило за секое здраво партнерство.
Ги имате сите шанси за среќна заедничка иднина ако можете заедно да се забавувате, без да е неопходна цензура на начинот на однесување. Тоа е знак дека се чувствувате опуштено и слободно во присуство на другиот и можете да бидете она што сте. Без ова, нема иднина за врската.
Веројатно има нешто гнило во односот помеѓу вас ако некогаш преливате од топли емоции, а потоа сте студени еден кон друг. Врската ќе биде успешна ако взаимната љубов биде константна величина – дури и кога тој ќе те извади од кожа.