За поголемиот дел од нас најубавиот период од врската е почетокот. Тогаш е периодот кога сме опсипани со многу внимание, добиваме убави смс пораки, повици во сред ноќ, мали но искрени подароци… а со текот на времето сето тоа го снемува. Ако сакате вашата врска да биде секогаш како на “почетокот” обратете внимание на следново:
Ситни подароци – на почетокот на врската си даваме ситни подароци кои немаат никаква вредност можеби, но затоа пак кога ќе ги погледнеме не потсетуваат на некој совршен момент. Зошто не би го направиле тоа и во долгата врска? Не ги заборавајте и ситниците како што се појадок во кревет, убава веќера во кревет…
Комплименти – на почетокот на врската забележуваме и најмала промена кај партнерот, а и тој кај нас. Потоа и да ја направите најголемата промена, тој нема да даде никаков коментар. А тоа о правиме и ние жените. Не дозволувајте да ја изгубите магијата која убавите комплименти ја даваат.
Секс – на почетокот на врската уживаме во сексот, експериментираме, се запознаваме… Потоа сексот претставува “обврска” па не е ни чудо што се случуваат неверства. Не заборавајте на страсниот секс. Употребете се и активирајте го. Секси долна облека, резервација на хотелска соба, секси играчки…
Пораки – убавите, нежните, па и оние секси смс пораки праќајте ги и во долгите врски. Обновете ја хемијата која гореше на почетокот. Пробајте и веднаш ќе почувствувате промена и кај партнерот.
