After Midnight

Работи од кои мажите „ треперат “ на првиот состанок…

Иако повеќето се трудат да се прикажат во cool издание, вистината кажува дека на првиот состанок исто како и Вие, се надвор од своја кожа.

Кај него постои страв дека може да бидете различни од она што очекувал – Да се сомневаш во својот суд е нешто од кое секој човек се чувствува незгодно. Мажите од тоа се плашат.

Што да направите ? Состаноците се како купувањето. Едноставно бидете оние што сте. Бидете такви какви што сте биле кога сте се запознале, и внимавајте да не бидете нервозни и да оставите погрешен впечаток.

Кај него постои страв дека нема да бидете заинтересирани само за него – Првиот состанок е идеална прилика мажите да се покажат брилијантни и ги загрижува конкуренцијата… И секој друг згоден маж кој би можел да Ви привлече внимание. Бидејќи не е сигурен што може да очекува од Вас, сериозна врска или нешто минливо, ќе го следи секое Ваше однесување и ќе го следи Вашиот поглед.

Што да направите ? Ако сте на место каде што има многу луѓе, тешко дека Вашиот поглед постојано ќе биде закован за него, но затоа може да се сконцентрирате на Вашиот разговор или коментари и преку прашања може да се изјасните дека тој всушност го има целото Ваше внимание.

Кај него постои страв дека може да Ве допре прерано – Да се впушти во акција уште на првиот состанок може да биде и тоа како стресно. Од една страна тој сака да покаже дека му се допаѓате, од друга страна не сака да изгледа како да навалува.

Што да направите ? Ако почувствувате дека му е незгодно да го преземе првиот чекор, направете го тоа Вие, допирајќи му ја раката, или ногата под маса и така упатете му порака дека и Вам ви се свиѓа.

Кај него постои страв дека можеби нема да сакате повторно да се видите со него – Како, самиот стрес за првиот состанок да не е доволен, па се појавува и стрес за вториот. Едноставно, ако го одбиете, тоа ќе биде огромен удар за неговото его.

Што да направите ? Ако тој Ви се допаѓа, не би било лошо малку и Вие да му помогнете и да му спомнете нешто за ресторанот кој му се допаѓа или да му спомнете за некој филм кој сакате да го гледате, но сепак да му дадете прилика тој да Ви се јави. Така, ќе исчезне напнатоста и првиот состанок ќе Ви биде прекрасен.

Напиши коментар