Celebrity

Рамбо конечно ќе умре!

Холивудскиот актер Sylvester Stallone откри дека наскоро ќе започне со снимање на уште еден дел од филмот за „совршената машина за убивање“.

Она по што последниов Рамбо ќе се разликува од останатите е што овај дел е последен од низата серијали. Причина за тоа не е одлука на студиото да ја згасне франшизата, годините на актерот, ниту пак недостатокот на инспирација за пишување сценарио. Работата е што во овој дел, Рамбо погинува.

–          Сакам да снимам уште еден Рамбо, – изјавил Stallone. „Планирам да го однесам во Аризона, каде ќе се соочи со една банда мексикански дилери“.

На прашањето дали Рамбо ќе ја преживее оваа авантура, Рамбо кратко одговорил со „не“.

Сеуште не се знае кога ќе започне снимањето на овој дел.

Напиши коментар