Повеќе сте утрински или вечерен тип ? Наутро, станувате рано без проблеми или едвај станувате од кревет, доцнејќи на работа ?
Новите истражувања, спроведени на Универзитетот во Торонто, покажуваат дека фактот дали сме утрински или вечерен тип, освен на секојдневниот ритам и навики, влија е и на општото задоволство во животот. Така, научниците тврдат дека луѓето што стануваат порано се позадоволни и посреќни од животот.
„Поранешните истражувања покажуваат дека личностите кои стануваат порано се посреќни од вечерните истражувања, а нашето истражување се базира само на помлади луѓе“, кажува Renee Biss, водичот на истражувањата.
Истражувачите проучувале две групи: 435 личности на возраст од 17 до 38 години, односно 297 личности на возраст од 59 до 79 години. Конечните резултати покажале дека до навршени 60 години од животот, најголем број од луѓето станува утрински тип, а дека во постарата доба само 7% вечерен тип.
Откривме дека постарите личности, за разлика од помладите имаат попозитивни чувства и емоции и најчесто се утрински типови. Ранобудците, исто така тврдат дека се чувствуваат поздрави, а сонот кој го имаат утринските типови, попозитивно влијае на нивниот имунолошки систем.
Совет за сите вечерни типови: Еден од начините да бидете попозитивни е да поминувате повеќе време на дневна светлина, рано наутро. Затоа, будете се што порано. Наједноставно е да имате распоред кој ќе се погрижи секојдневно да се будите во исто време.
