Celebrity

Расел Кроу ќе биде Робокап!

Оскаровецот Расел Кроу би требало да ја игра главната улога во римејкот на криминалниот филм „Робокап“ на Хосе Падиља. Падиља и порано ветуваше дека ќе ја пополни празнината која останала во приказната за тоа како Алекс Марфи станал полицаец-робот.

–          Во филмот на Пол Верховен, Марфи е погоден со куршум, потоа има неколку сцени во болница и одеднаш тој станува робот. Нашиот филм ќе ја пополни таа празнина и ќе дознаете точно што и како се случило да овој обичен полицаец стане Робокап, – изјавил Падиља за медиумите.

Засега не е познато кој ќе ги глуми останатите улоги, а снимањето би требало да започне оваа пролет.

Напиши коментар