After Midnight

Рецепт за успех: привлечи го неговото внимание

За да успеете да привлечете нечие внимание најпрво ви е потребна голема самодоверба. Кога вие се чувствувате убаво, голема е веројатноста тоа да го забележат и другите. За да успеете да му го привлечете вниманието треба:

Разговор

Прво мора добро да ја запознаете личноста која ви се допаѓа, освен површни разговори треба да загребете малку подлабоко, да дознаете што таа личност сака. Така ќе имате разговор, а тоа е пола пат од освојувањето.

Подобро запознавање

Внимателно слушајте. Од секој разговор дознавајте што ја прави среќна и што сака таа личност.

Дадете комплименти

Кога ќе сфатите што и е важно на вашата симпатија, давајте комплименти за работите кои и се важни.

Давањето на искрени комплименти може навистина да допре до човекот. Кога имате заеднички теми на разговор, пријатно е во ваше друштво вие сте на чекор до целта.

Напиши коментар