Здраво тело

Речете им не на опсесиите

Ви  прикажуваме еден образец на размислувања кои работите ги прават (многу ) полоши.

1. Навики од кои треба што побргу да се ослободите

Повторувањето е мајка на мудроста. Освен кога се работи за некој проблем, недоразбирање или расправија. Немојте постојано и постојано  да го вртете проблемот во глава како стара плоча. Истражувањата покажаа дека всушност таквиот начин на размислување е карактеристичен за жените.

2. Зошто е тоа лошо

Затоа што така не постигнувате подлабок и подобар, пообјективен и сеопфатен увид во работата – туку проблемот се зголемува и тешко решлив. Освен тоа, подлабоко ви се врежува во сеќавањето. Тоа е како кога во отворена рана намерно втријувате сол  за да проверете дали сè уште ве пече. Пече, пече. Затоа треба да ја измиете, избришете и да ја оставете да зарасте. Кога сте под стрес, негативните размислувања и сеќавања побргу навираат па моментната ситуација ќе ја проценете од негативен аспект. Тоа ќе ве  донесе до  уште поголем стрес, а со тек на време и  до депресија.

3. Како да престанете да го правете тоа

Прво за кое треба да станете свесни е фактот дека,  додека сте под интензивен  (постојан ) стрес, не сте во состојба да присебно,  објективно и свесно да донесете одлука или да го решете проблемот. Според тоа , најдобро би било да се откажете од таа намера. Но тоа е многу лесно да се каже отколку да се направи. Избројте до десет,  вдишете воздух, издишете и напишете плусови и минуси за ситуацијата во која се наоѓате.  До решение ќе дојдете подоцна. Кога ќе преспиете.

Write A Comment