Мажите често се жалат дека не ги разбираат жените. Дали ова Ви се случува и Вам???
Тогаш, би требало да ги научите ( еднаш засекогаш ) основните реченици со кои ќе ги избегнете долгите и непотребни расправии…
На пример:
– „ Дооброо !!! “ – Овој израз жените го користат кога се во право… Мажи, ова значи дека треба да замолчите…
– „ Само 5 минути “ – Во превод, ова значи дека доколку се облекува, ова значи половина час…. А 5 минути се навистина 5 минути, доколку Ви „ дала дозвола “ за гледање некој натпревар… едноставно, тоа значи дека на пиво треба да останете уште само 5 минути !!!
– „ Ништо…ништо “ – Ова е затишје пред бура и порака дека, ако немате сфатено, подоцна ќе Ви биде објаснето со „ во ред е “… и ќе биде запаметено за сите времиња !!!
– „ Ајде, повели… Само напред “ – Со ова жените провоцираат… Подобро би било ништо да не направите !!!
– „ Гласна воздишка “ – Ова е всушност невербална изјава која мажите не ја разбираат, а значи дека жената мисли дека сте тотална будала и дека сте рекле толкава глупост, што се запрашува зошто го троши своето време, расправајќи се со Вас…
– „ Во ред е “ – Бидете внимателни !!! Ова значи дека жената само сака добро да размисли кога и како ќе платите за Вашата грешка …
– „ Навистина ти благодарам “ – Ова е чист сарказам… Всушност, таа воопшто не се заблагодарува… Никогаш, никогаш не смеете да вратите со: „ Нема на што“ …
– „ Како и да било “ – Или конкретно: „ Носи се во три “…
-„ Остави… Јас…“ – Уште една опасна изјава!!! Ова значи дека мажот знаел дека нешто треба да се направи, но бил мрзлив и чекал жената да дојде и да го направи она што треба. Ако возвратите со „ Што не е во ред “, следува… „ Ништо…ништо “ !!!
„ Како ќе кажеш ти “ – Таа само сака да каже: „ Ќе видиш, кога – тогаш “ !!!
