Celebrity

Rihanna како спасувач на Земјата!

Rihanna ја покажа својата мускулеста страна на постерот кој излезе по повод филмот во кој таа ја игра една од главните улоги – „Battleship“. Таа во рацете држи оружје, има тетоважа, а лицето ѝ е валкано. Прикажани се постерите и од другите актери во филмот.

Долгоочекуваниот акционен филм е околу една авантура во која дејството се одвива преку океани, на небо и ширум целата Земја. Всушност, Земјата е соочена со борба против посупериорна сила, односно вонземјанска раса попозната како „The Refents“.

Филмот „Battleship“ е заснован врз класичната борбена игра со истото име, а ќе биде режиран од Peter Berg. Во кината во САД, оваа авантура ќе може да се погледне од 18-ти Мај.

Напиши коментар