Пејачката Rihanna најави дека многу наскоро ќе им се посвети на снимањето на песните за седмиот студиски албум.
Минатата година во ноември, таа го објави албумот „Talk That Talk“, но веќе започнала да работи и на наредниот албум.
– Добра сум во мултитаскинг. Моментално собирам песни, преслушувам сѐ и сешто и размилувам во кој правец би сакала да одам. Имам неколку „груби“ идеи, но уште се во рана фаза, – изјавила пејачката.
За критиките во врска со нејзината провокативност и насилните сцени во нејзините спотови, таа само кратко изјавила:
– Нема да се променам. Ако си го ублажам имиџот, тоа би ја компромититало мојата уметност!
