Celebrity

Ријана и Крис Браун заедно на Греми наградите…

Поранешните љубовници Крис Браун и Ријана во 2009 година ја прекинаа својата врска со физичка пресметка за време на доделувањето на престижните награди, а сега и двајцата ќе настапуваат, но се разбира одвоено.

Крис по скадалот успеа некако да се врати на музичката сцена, а најголем доказ за тоа е настапот на доделувањето на Греми наградите каде сцената ќе ја дели со Ријана. Тој го потврдил своето присуство во недела, но не се знае како ќе изгледа ни неговиот, ни настапот на Ријана.

За нападот врз Ријана, Браун доби 5 години условна казна која во февруари, оваа година му беше ублажена на забрана да ѝ се доближува  на Ријана на не помалку од 10 метри.

Сите сме во исчекување на нивните настапи.

Напиши коментар