Ако некогаш, било кога, се случи повторно собирање на познатите „Битлси“, Ринго Стар е тој што нема да дојде. По шпекулациите дека групата ќе настапи на Олимписките игри во Лондов ова лето, Ринго бил запрашан дали тоа е вистина.
– Па не, ќе бидам тука. Веќе сум закажан за настапи низ Америка, – бил неговиот одговор.
Кога тапанарот бил информиран дека Пол Макартни го изјавил спротивното, Ринго рекол:
– Пол нека го направи тоа. Одлично му оди и без мене. Супер му е. Сме биле многу пати на настап заедно, но јас нема да сум на Олимпијадата. Ова е мојот дефинитивен одговор и сакам сите да знаат. Можеби некогаш ќе свирам со Пол, но „Битлси“ нема никогаш повеќе да се случат.
Последниот соло албум на Ринго излезе на 31-ви Јануари, оваа година, а тој треба да настапи и на доделувањето на Греми наградите.