Celebrity

Риси Витерспун и Рајан Рејнолдс – контроверзен пар!?

Риси Витерспун и Рајан Рејнолдс ќе играат во биографскиот филм за еден уметнички пар од шеесетите години на минатиот век со наслов „Големи очи“.

Риси ќе ја игра улогата на Маргарет Кин, а Рајан на нејзиниот сопруг Волтер. Нивните уметнички дела стануваат сензација во 60-тите години од 20-тиот век. Продуцент на филмот ќе биде Тим Бартон, а режисер Скот Александер и Лери Каразевски, кој ќе го напише и сценариото.

Тие двајца биле многу конторверзен пар. Додека Маргарет била навистина талентирана, Волтер го интересирале само парите, па нејзините дела ги продавал под свое име. Бил е шармантен, забавен, но и опасен и малку луд. Маргарет од мирна и тиха уметничка станала жена свесна за себе и научила како да се бори во животот.

Засега не се знае кога ќе се почне со снимање на филмот, но сè е спремно и актерите се во исчекување на истото.

Напиши коментар