Celebrity

Robert Pattinson ќе го брка Saddam Hussein!

Актерот Robert Pattinson ја добил главната улога во трилерот „Mission: Blacklist“. Ѕвездата од серијалот „Самрак“ ќе ја има честа да биде дел од психолошкиот трилер на режисерот Jean Stephane Sauvaire.

Филмот е заснован врз вистинска приказна за еден воен детектив кој е задолжен за испитувањето на Eric Maddox, писателот на книгата во која се раскажува како тој учествувал во потрагата по Saddam Hussein.

Засега, не е познато кои други актери ќе играат во остварувањето покрај Pattinson, кој инаку ќе го глуми Maddox. Снимањето почнува многу наскоро.

Напиши коментар