Celebrity

Робијашот Кристијан Бејл!

Актерот Кристијан Бејл е во финалната фаза од преговорите за главната улога во криминалистичкиот трилер „Out of the Furnace“.

Во филмот се зборува за еден поранешен робијаш кој тргнува во одмаздничка акција кога неговиот помлад брат е убиен. Сценариото е адаптирано врз книгата на Бред Ингелсбиј, а режијата му е доверена на Скот Купер, режисерот на филмот „Creazy Heart“.

Во филмот ќе играат: Герет Хедланд, Тејлор Китш, Кејси Афлек и Ченинг Тејтум. Како копродуценти на остварувањето се јавуваат Леонардо ДиКаприо и Ридли Скот. Почетокот на снимањето е закажано за јуни, оваа година.

Напиши коментар