Со оглед на тоа дека се работи за херој од Шервудската шума, заштитникот на правдата и на сиромашните, судејќи по изгледот на глумците кои го оживеаа на големото филмско платно(Ерол Флин, Шон Конери, Кевин Костнер) и големиот убавец, Робин би можел да не научи на некои важни лекции во односот помеѓу мажите и жените. Следете ги примерите:
1. Мажи кои крадат
Тука не се работи за буквално сфаќање, но жените дефинитивно ги сакаат лошите момци. Дури и ако вашиот избраник е поштен граѓанин, некоја мала”најчесто мала девијација”(на пример сака да се искара со полицаец), ќе го направи уште по привлечен.
2. Мажите сакаат дами во невоља
Мажите сакаат да уживаат во помислата дека им се потребни на жените, за заштита(физичка работа, љубов, воопшто за животот)
3. Мажот никогаш не смее да носи тесни хеланки
Без разлика на неоходноста и оправданата причина (спортот, ладните температури)…Мажот во хеланки, или потрагично холахопки, никогаш не е добра глетка. Од друга страна пак, добро скроените фармерки се секогаш Бинго!
4. Куќичката на дрво е добра за заведување
Во ред, не мора да биде токму на дрво, – идеата е да се засолните на добро сокриено место, (може стан, кафич, па дури и некое осамено место на забавата)на кое ќе можете да релизирате 3 важни сегменти (изолираност, токсифицирање(на пр. со шарм, или на било кој друг начин) и инфилтрирај се).
5. Пригушеното светло
Светлината од свеќа изгледа помалку мистично и многу секси. Ова е добар трик за хемија.
6. Брзо ставање на кондом
Оклопо т(кондомот) можеби инхибира, но е неопходен за добра(и безбедна) борба. Затоа најдобро да почнете на време да тренирате за да извежбате добро. Ќе се здобиете со екстра поени доколку знаете што правите и ако можете да ја монтирате оваа работа побрзо пред стрелата да ја промаши целта.
