After Midnight

Сакате да живеете со дечкото ??? … Прво прочитајте го ова …

Заедничкиот живот е голем чекор за секоја врска и преставува нова фаза во партнерските односи. Меѓутоа за да уживате во предностите на заедничкиот живот прво морате да бидете максимално подготвени.

Пред Вас се неколку совети со помош на кои ќе може уште еднаш да се преиспитате и бидете апсолутно сигурни дека ја донесувате правата животна одлука…

Како се чувствувате кога ќе ја поминете ноќта одвоено?

Доколку чувствувате дека имате голема потреба да бидете некое време сами во својот дом и да одвоите некое време само за Вас, тогаш можеби не сте доволно спремни за заеднички живот. Од друга страна пак доколку повеќето време го поминувате кај него дома или кај Вас дома, веројатно е вистинско време да размислувате за заедничко домување.

Дали сте биле заедно на одмор?

Планирањето на заедничко патување е одличен тест за паровите кои сакаат да живеат заедно. Не само што ќе ги договарате сите аспекти на патувањето, буџетот и дестинацијата, туку и 24 часа ќе бидете заедно. Доколку тоа успее и немате некои поголеми проблеми, сте го поминале тестот и веројатно сте спремни да го делите домот со Вашиот партнер.

Дали размислувате исто кога станува збор за парите?

Многу е важно на почетокот да се утврди од каде е изворот на буџетот кој ќе го имате на располагање. Колку од тој буџет ќе се користи за основни трошоци а колку за други потреби. Доколку математиките ви се согласуваат тогаш најверојатно ќе можете да го планирате заедничкото живеење.

Дали имате ист стил на живот?

Можеби Вашиот партнер обожава да ги вика своите пријатели кај Вас дома, додека вие преферирате смирено попладне. Различните стилово на живот не мора да значат и проблеми, но многу е важно да се постигне определен компромис и да се уважат потребите на партнерот. Јасно кажете му какви се Вашите очекувања и потреби, со тоа ќе ги избегнете подоцнежните расправии и проблеми.

Што се случува кога не е согласувате?

Без разлика колку Вашата врска е јака и стабилна, заедничкиот живот и делењето на заеднички простор сам по себе значи постојани закачки од типот Ти направи … Јас бев вчера… Затоа е многу важно да имате аргументи и да се слушате меѓусебно, а со тоа и подтигнете компромис и решение кое ќе ги задоволи двете страни.

Дали имате исти планови за иднината?

Според истражувањата, паровите кои ќе одлучат да живеат заедно тоа го прават токму поради истите заеднички планови за иднината и истите имаат поголеми шанси за успех од оние парови кои живеат заедно поради финансиски причини или поради навиката да бидат заедно.

Напиши коментар