After Midnight

Сакате да знаете дали вашата врска има иднина?

Дали сакате да откриете дали вашата врска има светла иднина? А тоа дали човекот до вас е оној вистинскиот со кого можете да го минете остатокот од својот живот? Веќе има како!

Американски научници дефинирале 6 компоненти кои се пресудни за тоа дали една врска ќе заврши со среќен крај.

Според експертите во основата на една успешна врска стојат хемијата меѓу двајца, почитувањето, насладата од времето поминато со другиот, сексуалното задоволство, довербата и способноста да сочуствувате еден со друг. Ова е златната формула за среќна врска.

Според експертите двајцата партнери треба да размислат дали ги исполнуваат сите шест правила. Ако и двајцата одговорите позитивно  значи дека има иднина за вашата врска. Но ако едниот даде негативни одговори значи рано или касно врската ќе се истроши и ќе заврши со разделба.

Напиши коментар