After Midnight

Само за мажи !!! Како да и „влезете под кожа“ ???

Ако мислевте дека жените се комплицирани „суштества“ кои се лутат без никаква причина, можеби и не ги разбирате најдобро…

Доколку Вашата партнерка често приговара дека не сте доволно романтични и дека не покажувате разбирање за нејзините „проблеми“, потребно е да усвоите неколку добри навики кои жените ги класифицираат како пожелни и секси.

Давање комплименти

Најмногу од се жените сакаат кога некој ги цени и им дава до значење. Без разлика на тоа дали Вашата избраничка е самоуверена или сосем повлечена, Таа со сигурност сака повремени комплименти… повремено не значи често ( 1 до 2 пати во неделата ама дискретно ). Исто така бидете искрени ( или пак трудете се така да изгледа)… пример немате никаков ќар ако и кажете дека е убава и згодна во моментите кога Таа ќе Ви се пожали на сметка на нејзината убавина…

Наместо тоа сосема изненадно и ненајавено со малку „жар“ во очите дека Ве привлекува некоја нејзина вештина или особина.

Телефонски повици

Без разлика на тоа дали и ѕвоните само да ја поздравите или да и кажете дека ќе задоцните, она што е најважно е фактот дека телефонските разговори се многу битни за напредување во врската. Телефонските разговори во последните неколку години се неизоставен дел кои пополека стануваат и навика. Навиката да се „дреме“ на телефон нималку не добра стратегија за успешна врска. Постојаното „зрррр“ во женскиот мозок има значење „ ме контролира“. Затоа бидете куси и не бидете упорни во ѕвонење… Таа нека Ве побара… оставете простор да и притребате, не и бидете на тацна во секое време!!!

Усогласување на приоритетите

Имате тешка одлука пред себе: да имате мирна вечер во друштво на девојката или со пријателите да седнете на некоја пијачка… одлуката не е лесна, меѓутоа може да ја определите ако забележите колку Таа е заинтересирана за Вас. Најдобро е во текот на денот да направите стратегија со која ќе ја дознаете нејзината потреба !!! Дали таа сака малку „free time” или сака вечерта да ја помине со Вас.

Зголемете ја внимателноста

Жените не можат да одолеат на мажите кои слушаат. Способноста за слушање на другите е клучна особина потреба за подетално запознавање на личностите кои Вас ве интересираат. Заота слушајте, поставете прашање и запаметете го кажаното од нејзина страна, на тој начин ќе ја запознаете подобро.

Изненадување

По одредено време во врската, партнерката сигурно сигурно ќе помисли дека доволно Ве познава и точно знае што може да очекува од Вас. Жените се аналитично но имаат една маана… правиот заклучок тешко го менуваат. Затоа Вие бидете тие што ќе изненадите… така ќе ја ставите во „небрано“. Бидете иновативни… пробајте да ја изненадите со тоа што таа ќе се чувствува посебна!!!

Бидете и навика

Секогаш во видокруг имајте ги на ум нејзините чувства. Доколку успеете да бидете личноста која во која таа ќе гледа почит, безбедност, сигурност.. многу брзо Вие ќе бидете нејзината навика во најдобра смисла на зборот. Жените сакаат сигурност обезбедете ја!!!

Напиши коментар