Celebrity

Sandra Bullock во комедија со полицајки :)

Актерката Sandra Bullock ќе глуми во комедија во која партнерка ќе ѝ биде актерката од филмот „Деверуши“. Комедијата сеуште нема име, но се знае дека ќе ја режира Paul Feig кој го режираше и гореспоменатиот филм.

Bullock ќе глуми агент на ФБИ, а така ќе се запознае со неконвенционалната полицајка од Бостон со која ќе соработуваат за да ги откријат злоделата на еден руски мафијаш.

Детективката ќе ја игра Melissa McCarthy која беше Megan во филмот „Деверуши“ и за истата улога беше номинирана за Оскар. Режисерот изјавил дека е навистина возбуден што повторно ќе соработува со Melissa, која во моментов е презафатена и ја бараат буквално на сите страни.

Филмот треба да почне да се снима ова лето.

Напиши коментар